Линкови за пристапност

Форум на УСАИД за јаво-приватни партнерства


Наскоро во Македонија, изградбата на капиталните објекти нема да биде ексклузивитет на државата. Се воведува нов начин на инвестирање во објекти како што се болници, патишта и училишта, со што се заменува досегашниот начин, наследен од претходниот систем.

Јавното-приватно партнерство или заедничките инвестиции на јавниот партнер и приватните компании веќе е пракса во светот. Американската Агенција за меѓународен развој – УСАИД и македонското Министерство за финаснии денеска ги презентираа предностите на ваквото кофинансирање на објекти од најзначаен интерес за граѓаните.

Со здружувањето на јавниот партнер и приватите компании, и двете страни го остваруваат својот интерес и се јакне инвестициската активност, вели министерот за финансии Трајко Славевски кој го отвори форумот, а воедно, што е најважно се ослободува и буџетот од дополнителните трошоци.

-Ова е форма што функционира во повеќе змеји во светот и обезбедува инвестиции во јавни објекти, без притоа да се оптовари буџетот и да се креираат дефиците кои подоцна може да создадат проблеми, а приватниот сектор од своја страна да наоѓа поле за инвестиции кое можеби не било достапно.

Првиот предизвик за ваквиот нов начин на инвестирање во Македонија ќе биде изградбата на училишта, по што ќе следуваат инфраструктурни проекти, проекти во здравството и во градежништвото.

Од Министерството за финансии, УСАИД и Европската банка за обнова и развој-ЕБРД, сметаат дека ова оди во прилог и на процесот на фискалната децентрализација. Јавното - приватно партнерство е предизвик и за општините, вели Александар Шахов.

- Локалната власта на некој начин ќе треба да најде соодветен начин да ги самофинансира проектите кои се од нивен локален интерес. Државата власт може да помогне, но не секогаш колку што и е потребно на локалната власт.

Односите на новите партнери засега се регулирани со новиот закон за концесии и за јавни набавки, а при имплементацијата во пракса ќе се користат и искуствата од ЕБРД.

XS
SM
MD
LG