Првата станица за многу туристи во Филаделфија во Пенсилванија е Шеталиштето на независноста - каде основачите на нацијата се сретнале за да напишат Декларацијата за независност.
Бил Колин е ренџер при управата за Национални паркови, која се грижи за ова историско место:
-Мислам дека луѓето најмногу ги привлекува фактот што сме нација заснована на идеали, еднаквост и слобода.
Местото каде се чува ѕвоното што ја означило слободата, салата каде се одржал првиот конгрес, како и куќата во која според легендата шивачката Бетси Рос сошила првото американско знаме годишно привлекуваат над три милиони посетители во Филаделфија секоја година.
Ѕвоното ја огласило слободата на 8 Јули 1776-та, повикувајќи на првото јавно читање на Декларацијата на независноста. Во 1846-та, откако мала пукнатина на него се проширила доволно за да не може да биде користено повторно, звоното стана музејски експонат.
Ренџерот Колин вели:
-Тоа е толку моќен симбол. Ѕвоното, кога напукна, веќе важеше за битен остаток од времето на независноста и стана симбол на слободата за луѓето во САД, и наскоро низ целиот свет.
На ѕвоното има стих од Библијата – Објави ја слободата ширум земјата и до сите нејзини жители. На 4 јули, иако со пукантина – тоа се` уште ја врши таа функција. По еден од потомците на потписниците на декларацијата секоја година со нежно чукање на ѕвоното го објавува денот кога се родија САД.