Линкови за пристапност

Доживотен затвор за убиецот на Ванчо Јосифовски


Основниот суд во Скопје му досуди доживотна казна затвор на Бурхамедин Нухиу, обвинет за убиство на матурантот Ванчо Јосифовски во 2002 година во Тетово.

Пет години по вооружениот инцидент судот утврди дека Бурхамедин Нухиу од тетовското село Порој е маскираниот напаѓач кој со автоматска пушка стрелаше во групата младинци кои играа кошарка на игралиштето во Тетово во октомври 2002-та. Пукајќи од возило, Нухиу со два куршума смртно го погодил 18 годишниот тетовец и рани уште две момчиња.

Родителите на трагично загинатиот тетовски матурант -сметаат дека правдата е задоволена- но останува трагичната загуба.

По завршената судска голгота семејството сега ќе апелира до ЕУ и САД – да се сопре сквернавењето на споменикот на Ванчо Јосифовски во Тетово и да запрат заканите кои секојдневно стигнуваат до нив.

Адвокатите пак на осудениот веруваат дека Апелацискиот суд ќе го укине доживотниот затвор.

Бурхамедин Нухиу и е познат на полициската и судскатастатистика- и претходно има две затворски пресуди- осум години за пукање во полициски инспектори и шест за ранување на полицаец.

XS
SM
MD
LG