Линкови за пристапност

Буш и Путин во потрага по заедничка основа


На средбата во неформална атмосфера во домот на семејството Буш во сојузната држава Мејн, првите луѓе на САД и Русија се обидоа да најдат заедничка основа за повеќе прашања, од ракетниот штит - до Иран.

Русија со непроменет став за американскиот план за ракетен одбранбен систем во Полска и Чешката Република.

Путин вчера предложи радарски капацитет во јужна Русија, и разговараше за потребата на поблиска консултација помеѓу Русија и НАТО:

-Во тој случај, нема да има потреба да се градат нови капацитети во Европа-изјави тој.

Претседателот Буш не го дели тоа мислење, но рече дека вреди да се разгледа новата идеја:

-Мислам дека тоа е многу искрено. Иновативно. Стратешко. Но, како што му кажав на Владимир, мислам дека Република Чешка и Полска треба да бидат интегрален дел од системот-рече Буш

За соработката помеѓу САД и Русија на тема Иран, Буш кажа дека обајцата се загрижени за нуклеарните намери на Техеран, минимизирајки ги така разликите за тоа кое е најдоброто решение на проблемот. Буш истакна дека е важно за САД да имаат силна врска со Русија. Претседателот Путин го потенцираше развојот на таа врска од падот на Советскиот Сојуз.

XS
SM
MD
LG