Линкови за пристапност

Уште едно лице уапсено во врска со обидите за терористички напади во Британија


Со лицето уапсено во понеделникот во Австралија бројот на приведени во врска со неодамнешните обиди за напади со автомобили-бомби во Лондон и во Глазгов нарасна на осум.

Власите велат дека 27-годишен Индиец синоќа бил спречен на аеродромот во Брисбејн во обидот да ја напушти земјата, како и дека во моментот испрашуваат друго лице во врска со бомбашкиот заговор во Британија. Според властите, обајцата се лекари кои работеле во северна Британија, пред да добијат работа во болница во Австралија.

Во меѓувреме, британска специјална единица изврши контролирана експлозија на автомобил во Шкотска. Властите соопштија дека автомобилот бил паркиран пред џамија во Глазгов. Се уште не јасно дали настанот е поврзан со саботниот обид за напад на аеродромот во Глазгов.

Полицијата потврди дека тројца од осуммината кои се наоѓаат во притвор се лекари.

XS
SM
MD
LG