Линкови за пристапност

Нема опасност по безбедноста на државата


Нема закани по безбедноста на Македонија во пресрет на решавањето на статусот на Косово. Со вакви информации располага Агенцијата за разузнавање, што им ги пренеле на претатвниците на парламентарната комисија надлежна за надгледување на работата на разузнаваките и контраразузнавачките служби. Од Агенцијата велат дека се интензивирала соработката со странските разузнавачки служби во регионот и целосно се следи состојбата на Косово.

- Агенцијата не информираше за сопствените сознанија за Косово. Ни рекоа дека перманентно ја следат состојбата, имаат размена на информации со другите служби околу тоа и дека ние како РМ и тие како Агенција сигурно нема да бидеме неподготвени независно какво ќе биде решението за Косово, вели претседателот на собраниската комисија Есад Рахиќ.

Директорот на Агенцијата Кире Наумов, кој вчера првпат имаше директна средба со пратениците, се пожалил дека ефикасноста на работата на разузнавачите трпи поради недостатокот на финансиски средства:

- Покрај активностите, се пожаливме и на нашите проблеми во однос на финансирањето, на обезбедувањето на материјалната база на нашата Агенција. Побаравме поддршка од членовите на собраниската комисија и за обезбедување на подбри финансиски услови за функционирање на АР.

Проблемот со стариот кадар ќе се надмине наскоро. Разузнавачката мрежа ќе биде зајакната со 15 разузнавачи, припадници на етничките заедници, за кои веќе се обезбедени пари.

XS
SM
MD
LG