Линкови за пристапност

Честитка од Црвенковски до Буш по повод 4 јули


-За Македонија, односите и соработката со Соединетите американски држави претставуваат највисок приоритет и ве уверувам во трајно определениот интерес, мојa и на мојата земја, за унапредување на пријателството и за одржување на континуиран политички дијалог со САД- вака македонскиот претседател Бранко Црвенковски ја започнува честитката до американскиот претседател Џорџ Буш по повод националниот празник на САД 4 јули.

Во неа, претседателот Црвенковски уште вели дека „Македонија е горда на воспоставеите партнерски односи со американската нација“, со надеж дека, „во период што следи со заеднички ангажман и со идното членство на Република Македонија во НАТО, каде како и досега ја очекуваме вашата драгоцена поддршка, ќе го направиме нашето партнерство и нашето пријателство уште посилно“.

Чувствувам обврска“, се вели на крајот од честитката од Црвенковски до Буш, „и во оваа свечена пригода да ви ја пренесам мојата и од граѓаните на мојата земја, голема и искрена благодарност за се што вие и вашата земја сте направиле за Република Македонија“.

XS
SM
MD
LG