Линкови за пристапност

Путин со нов предлог за противракетна заштита


По средбата со американскиот претседател во одмаралиштето на семејството Буш во сојузната држава Мејн, Путин истакна дека не гледа потреба делови на системот да се инсталираат во Полска и Чешката Република. Џорџ Буш на ова одговори дека тие две земји се клучни за реализирање на планот.

Буш сепак комплетно не го отфрли ставот на неговиот руски колега по прашањето, велејќи дека е мошне искрен и иновативен. Владимир Путин предлага НАТО и сите европски земји да бидат вклучени во проектот, како и дел од системот да биде базиран или во Азербејџан или, доколку биде потребно, во нов комплекс што би се изградил во јужна Русија.

Обајцата лидери покажаа поголемо единство околу Иран, во однос на тековните напори на Запад да ја запре нуклеарната активност на Техеран. Тие се заложија дека ќе работат заедно во Советот за безбедност на ОН за да го поттикнат Иран да ја прекине програма за збогатување на ураниум.

Белата куќа пред средбата коментираше дека таа претставува можност во неформална атмосфера лидерите на САД и Русија да најдат заедничка основа.

XS
SM
MD
LG