Линкови за пристапност

Уапсени уште двајца осомничени за терористичките напади во Британија


Властите соопштија дека осомничените се на 25 и на 28-годишна возраст и дека биле уапсени во неделата во близина на Глагов согласно британските анти-терористички закони. Британскиот министер за внатрешни работи Џеки Смит во парламентот изјави во случајот досега се притворени вкупно шест лица. Седмиот е хоспитализиран со тешки изгореници што ги добил кога удрил со возило во аеродромскиот терминал во Глазгов. Медиумите соопштија дека надвор од болницата во која се наоѓа се слушнале контролирани детонации, но полицијата не понуди детали во врска со таквите тврдења.

Медиумите цитираат полициски извори според кои еден од уапсените на аеродромот во Глазгов е лекарот Билал Абдула кој студирал медицина во Ирак, а лицето уапсено на автопат во близина на Ливерпул Мохамед Аша, лекар кој завршил медицинско училиште во Јордан.

Во петокот во централниот ден на Лондон властите пронајдоа и деактивираа два автомобила-бомби.

XS
SM
MD
LG