Линкови за пристапност

Во продажба новиот Ај-фон


Откако во јануари извршниот директор на Епл Стив Џобс го најави Ај-фон како нов, револуционерен производ на пазарот, акциите на Епл нараснаа за преку 40 проценти.

Џон Шинал кој е уредник за технологија во медиумот специјализиран за бизис „Market Watch“ вели:

- Се работи за импулсивно инвестирање. Повеќето не е засновано на постојна основа, туку на оптимизмот - што ќе се случува во иднина.

А, очекувањата за иднината се големи. Епл предводува продажба на 10 милиони парчиња Ај-фон до наредната година. Првиот човек на Епл самоуверено вели:

-Ние пронајдовме нова технологија наречена „повеќекратен допир“, и таа работи како магија.

Џенифер Бун, менаџер за технологија во Здружението на производители на електроника за широка потрошувачка, предвидува дека покрај тоа што поттикнува здрава конкуренција во индустријата, Ај-фон ќе ја внесе технологијата за мобилни телефони во нова фаза.

- Се работи за ново спојување на содржината со хардверот. Каде и да појдете, со себе може да понесете аудио, видео, фотографија и музика-вели таа, и додава дека со почетна цена од 499 долари, Ај-фон не е за секого:

-Еден од недостатоците секако е цената од 500 долари. Мислам дека тоа ќе ги наведе повеќето потрошувачи добро да размислат пред да се решат на купување.

Поради, тоа, еден потрошувач коментираше дека „за тие пари попрво ќе купам и телефон, и Ај-под“.

Епл продаде речиси 400 илјади Ај-под музички плејери кога се појавија на пазарот во 2001-ва.

XS
SM
MD
LG