Линкови за пристапност

Владата бара од бизнисмените да помогнат во приближувањето кон ЕУ


Научната јавност, бизнис - заедницата и невладините организации активно да учествуваат во приближувањето на Македонија кон ЕУ. Ова деенска од нив го побара Владата, со образложение дека економските резултати укажуваат оти земјата ќе добие позитивен извештај за економските текови и скорешна покана за приклучување кон Унијата.

Тим од Министерството за финансии денеска на бизнисмените им ги претставија измените на економските закони, пред се во областа на слободното движење на капиталот, монетарната и фискалната политика и јавните набавки, во согласност со европската регулатива, со цел како што велат, да знаат што презема Владата за да можат да ги подготвуваат своите идни планови. За возврат, тие треба да укажуваат на слабостите и да даваат конкретни предлози како целиот процес да биде подобар, вели државниот секретар за финаснии Снежана Костадиновска- Милошевска:

-Економските критериуми се поважните кои се оценети со висок успех, така што има изгледни шанси до крајот на оваа година РМ до крајот на годинава да добие позитивен извештај и покана за членство во ЕУ.

Костадиновска-Милошевска вели дека на последниот состанок во Брисел економските реформи и критериуми во Македонија добиле позитивна оценка, особено оние од првите 5 месеци од оваа година, како што се растот на БДП од 7 проценти за првиот квартал, раст на индустриското производство за 10 проценти, зголемен извоз и намален увоз, и натфрлување на проекциите во даночните приходи од 10 проценти.

XS
SM
MD
LG