Линкови за пристапност

Шефер: клучно е спроведувањето на реформите


Кога трчате маратон, првиот дел е полесен од последниот, треба да избегнете , да се соочите со препрееки на крајот , тоа важи и за процесот–клучно е спроведувањето на реформите беше главната порака на генералниот секретар на алијансата Јаап де Хоп Шефер на денешниот втор ден на НАТО самитот на кој учество зедоа 49 делегации од земјите - членки на Евро-атлантскиот Совет за соработка-навистина досега е направено многу но, има многу закони кои треба да се спроведат дека на крај ќе се одлучува врз основа на сработеното“, рече Шефер.

Членството во НАТО е највисок приоритет на надворешната политика на Република Македонија. Во преку 13-годишното партнерство со Алијансата, Македонија ги разви неопходните стандарди и стана поддржувач на развојот на безбедноста во регионот, рече макеоднскиот премиер Никола Груевски во обраќањето на пленарната сесија на Форумот на ЕАПС во Охрид , според македонскиот премиер, Самитот на НАТО во Рига ги дал сеопфатните политички определби на современиот свет и додаде дека на Самитот во Букурешт ќе се потврди имплементацијата на приоритетите на Алијансата:

-Самитот на НАТО во Рига ги даде сеопфатните политички насоки со кој се обезбедува рамката на сојузниците во наредните 15 години. Пред нас е самитот на Алијансата во Букурешт следната година каде ќе се потврди посветеноста на членките и на парнерите кон имплементацијата на тие приоритети. Затоа сметам дека токму овој форум се одржува во круцијален временски термин. Средбата на партнери со кои се споделени визии и со споделени грижи ни ја дава можноста да ги споделиме најдобрите искуства и да развиеме заеднички стратегии за тоа како најдобро да одговориме на безбедносните предизвици со кои сите се соочуваме-изјави премиерот Груевски.

Генералниот секретар на алијансат Јаап Де Хоп Шефер во официјалната комуникација за нашата земја го употребуваше терминот "земјата домаќин“ за што на новинарско прашање одговори:

-Не би коментирал за тоа прашање и ова сум го кажал во многу други прилики и се надевам дека инволвираните страни ке најдат решение за прашањето за името. Сите се среќни во земјата какво е формалната состојба во однос на оваа прашање, таа е таква, и јас како генерален секретар на НАТО не можам да ја променам и само можам да изразам надеж дека се поскоро ќе се најде решение за прашањето за името.

Едно од главните прашања секако беше и прашањето за Косово. Шефер појасни дека евроинтеграцијата на регионот не е поврзана со решавање на финалниот статус на Косово, но Косово е алката која недостасува.Cелиот регион оди напред и од суштинско значење за стабилноста на регионот е ова прашање да биде колку што е можно побрзо решено.


Запрашан дали НАТО има резервен план, доколку Русија не го промени ставот за ова прашање, Шефер истакна дек апрашањето на Косово не се решава во рамки на НАТО туку во ОН. НАТО , рече Шефер , на Косово има 16 000 војници и затоа е потребно што е можно поскоро да се најде решение во Советот за безбедност, рече Шефер, и посочи дека сега е потребно инволвираните страни да покажат воздржаност

Јаап Де Хоп Шефер кој денеска оствари средба и со претседателот на Р.Македонија Бранко Црвенковски ќе отпатува за Приштина. Безбедносниот Форум на НАТО завршува попладнево со панел расправа посветена на Косово, Авганистан и енергетиката.

XS
SM
MD
LG