Линкови за пристапност

Смит: Македонија се движи во вистински правец


Промовирањето на мирот и стабилноста: Сегашни предизвици и решенија" во три панели на теми "Авганистан: Надминување на конфликтот", "Косово и иднината на Балканот" и "Енергетската безбедност:Стратегиски односи и сигурно снабдување" се главните теми на НАТО самитиот кој вчера и денес се одржува во Охрид.

По вчерашното свеченото отворање на Форумот и неформалната работна вечера на шефовите на делегациите на ЕАПС на која поздравно обраќање имаа генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски,самитот денеска започнува со официјалниот работен дел.

Вчера претпладне претседателот на Р.Македонија Бранко Црвенковски и премиерот Груевски имаа одвоени средби со генералот Ленс Смит, командант на Командата за трансформација на НАТО.Запрашан дали Македонија на самитот в година во Букурешт ќе добие покана за членство во Алијанста, генералот Смит истакна дека тоа ќе биде политичка одлука но од воена гледна точка АРМ има направено голем прогрес и се движи во вистински правец.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски одржувањето на вториот Безбедносен форум на ЕАПС во Охрид го оцени како голема можност Македонија да се претстави како држава сериозен кандидат за членство во НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер
вчера попладне одржа билатерална средба со премиерот Никола Груевски по што претседателот Црвенковски за учесниците на форумот приреди коктел на терасата во хотелот "Горица" Спред Шефер Македонија ја трча последната милја пред вратите на НАТО.

Според најавите на Министерството за надворешни работи,oд безбедносниот форум, нема да произлезе документ, но заклучоците од дискусиите ќе бидат предмет на натамошни дискусии на формалните состаноци на работните тела на Евроатлантскиот партнерски совет во седиштето на НАТО, во Брисел.

XS
SM
MD
LG