Џорџ Буш даде ваков коментар во вчерашниот говор во Иламскиот центар во Вашингтон, по повод 50-годишнината на оваа организација.
Концептот на верска слобода и индивидуални права се шири во сите региони на светот, освен на Блискиот Исток, рече Буш.
- На Блискиот Исток, сведоци сме на подемот на група екстремисти кои сакаат да ја искористат религијата како пат до моќ и средство за доминација. Оваа самоназначена претходница претпоставува дека говори во име на муслиманите. Но, не е така.
Буш кажа дека работи на поттикнување на демократијата на Блискиот Исток, но не како план наметнат однадвор, туку како нешто што самите луѓе во регионот го прифаќаат.
Изборите во Авганистан и Иран за Буш се важни пресвртници на патот кон демократијата, но Буш подвлече дека тоа е само почеток:
- На оние кои копнеат по слобода од Дамаск до Техеран им велиме – не сте вечно осудени на мизерија. Слободниот свет ве слуша. Не сте сами. Америка ви нуди пријателска рака.
Претседателот планира да назначи специјален пратеник – прв од ваков вид - во Организацијата на исламска конференција, велејќи дека тоа е можност Американците да им го покажат на муслиманските заедници својот интерес за дијалог со почит и натамошно пријателство. Организацијата со седиште во Саудиска Арабија е меѓународна група од 57 земји што ги поддржуваат муслиманските интереси ширум светот.