Сенатот гласаше со 64 гласови за и 35 против да продолжи расправата по имиграционата реформа. Беа потребни 60 гласови за усвојување на мерката во сенатот од сто членови. Сличен обид пропадна во сенатот порано месецов.
Гласањето се одржа утринава по процедуралната мерка да се зачува легислативата „жива“, која беше изработена од двопартиска група сенатори и водечки членови на администрацијата на претседателот Буш. Во неа се вклучени одредби за подобрување на граничната контрола и процедури да се легализира статусот на околу 12 милиони имигранти кои се илегално во земјата.
Некои конзервативни законодавци се спротивставуваат на мерката зашто сметаат дека тоа е исто како давање амнестија. Се противат и некои трудови синдикати зашто сметаат дека програмата за привремени работници создава услови за нова под-класа и евтина работна сила.