Линкови за пристапност

Јужна Африка се подготвува за Светското првенство во фудбал во 2010


Дурбан е едно од најголемите пристаништа во Африка и голема туристичка дестинација заради умерената клима, широките плажи и спојот на африканска, азиска и европска култура.

Стадион со капацитет за 70.000 гледачи кој чини 200 милиони долари е изграден до помало игралиште за рагби. Тука ќе се играат главните натпревари од Светското првенство во 2010-та.

Се реновираат и прошируваат хотелите за сместување на околу 400.000 фудбалски обожаватели, кои се очекува да пристигнат во земјата за првенството.

Одржувањето на Светското првенство е можност и предизвик за домаќините. Руди Рипе од Џамбо Турс е загрижен дека Светското првенство ќе ги „истера„ неговите редовни муштерии:

„Светското првенство ќе го наруши нормалниот туризам и освен за луѓето кои се директно вклучени, а кои не се многу на број, за нас останатите ќе биде тешко, затоа што нема да можеме да ги нудиме нашите нормални сместувања“, вели тој.

Но, градскиот менаџер на Дурбан, Мајкл Сатклиф, ветува многу повеќе од фудбал. Тој вели дека сето она што ќе се случува околу фудбалот, ќе им овозможи на посетителите да имаат комплетно доживување што ќе го паметат цел живот.

Јужно-африканците со нетрпение сакаат да ја покажат културата и динамиката во нивната земја. Има извештаи дека неколку алтернативни држави се разгледуваат како резервни домаќини на Светското првенство поради криминалот и недостатокот од хотели и соодветен превоз. Но, организаторите порачуваат дека Светското првенство ќе се одржи во Јужна Африка, навреме и ќе биде единствено - африканско исуство.

XS
SM
MD
LG