Линкови за пристапност

Затворање на Гвантанамо?!


Некои американски медиуми соопштија дека администрацијата на претседателот ја разгледува можноста за затварање на центарот за притвoр на осомничени терористи Гвантанамо, во Куба.

Извештаите сугерираат дека официјални лица за денеска имаат планирано средба на која ќе се дискутира иднината на затворот. Сепак, портпаролот на националниот совет за безбедност Гордон Џондроу изјави дека наводната средба е откажана, а портпаролот на Белата куќа Дена Перино негира дека одлуката за Гвантанамо е веќе донесена.

Според некои вашингтонски медиуми, официјални лица од актуелната администрација соопштиле дека има несогласување по прашањето на трансферот на близу 400 осомничени терористи, во случај центарот за притвореници да се затвори. Според одредени сугестиии, некои од приведените, би се пренеле во воени затвори на американско тло.

Се јавува дека американскиот потпретседател Дик Чејни и претставници на Одделот за правда се противат на таквиот чекор, зашто тоа носи различни обврски спрема лицата кои сега се во Гвантанамо.

XS
SM
MD
LG