Линкови за пристапност

Хил: Пјонгјанг согласен веднаш да го затвори Јонгбјон


Главниот американски претставник во спорот со севернокорејската нуклеарна програма ја заврши неочекуваната посета на Пјонгјанг и вели дека официјални лица го увериле оти се залагаат за соодветно започнување на прекинот на работата на Јонгбјон- главниот нуклеарен реактор во земјата.

Заменикот државен секретар Кристофер Хил во Сеул изјави дека разговорите со севернокорејското раководство биле, цитираме, мошне детални, корисни и позитивни.

Хил имаше средба и со својот севернокоресјки колега Ким Куе Кван и министерот за надворешни работи Пак Уи Чун. Американскиот претставник истакна дека било дискутирано за сите аспекти од шестраните разговори чија цел е ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Хил е највисокиот по ранг претставник на САД што ја посетил оваа земја во период од пет години.

XS
SM
MD
LG