Линкови за пристапност

Донесен акционен план за борба против корупцијата


Македонија доби Акционен план за борба против корупцијата. Ова е првпат да се воспостави систем на оценување на ефикасноста на борбата против корупцијата, според мерливи инструмети кои ќе покажат како функционираат сите три сегменти на власта, вели вицепремиерката за евроинтеграции Габриела Коневска Трајковска, по донатроскито координативен состанок до Државната комисија за спречување на корупцијата:

- Некој што досега мислел дека корумпираноста е зададена и неодминлива не може повеќе да се чувствува лагодно пред институциите на системот. Нашата главна определба е да ја вратиме довербата во институциите на системот, да поставиме функционална посветеност на борбата против корупцијата и секако да покажаме функциионирање на правната држава и почитување на словото на законот.

Програма ги вклучува сите институции и граѓаните, со цел ефикаснот во борбата против корупцијата, вели претседателката на Антикорупциска Мирјана Димовска.

Таа содржи 34 проблеми во кои тие гледаат дека корупција и кои треба да ги совладаат. На неа 4 месеци работел тим од 200 претставници од домашни и странски институции, додава таа.

- Маркирани се 140 активности во таа насока, утврдени се 291 показател за состојбите и она што веќе го спомена вицепремиерката е битна новина и навистина значаен квалитет на кој сакам да го насочам вниманието на јавноста кон оваа програма, утврдени се 251 показател за работењето на институциите во реализацијата на програмата.

Резултатите на овој план се значајни, вели таа, особено сега кога Македонија забрзано се подготвува за евроинтеграциите, а целта е земјата да го подобри рејтингот од сегашното 105 место во светот според степенот на корупција, на кое е рангирана според Транспаренси интернешенал. За спроведување на акциониот план Македонија очекува и помош од меѓународни донатори.

XS
SM
MD
LG