Линкови за пристапност

Фуере: вчерашната средба демонстрираше дека политичкиот дијалог напредува


Седнувањето на заедничка маса на партиските лидери е сигнал за напредок на политичкиот дијалог. Ова е вистинскиот пат за спроведување на судските реформи, а ваков консензус е потребен и за другите реформи. Ова е ставот на европретставникот во Македонија Ерван Фуере по вчерашната делумно успешна средба на лидерите на 18 парламентарни партии за деблокирање на судските реформи.

- Сметаме дека вчерашната средба беше вистински успех, успех од аспект на тоа што на едно место ги доведе лидерите на политичките партии и демонстрираше дека политичкиот дијалог напредува. Доказ за ова беше и тоа што се најде усогласеност во однос на голем број од заклучоците што беа донесени, и сметаме дека тоа е вистинскиот пат што ќе доведе до спроведување на реформите во однос на Судскиот совет- изјави тој.

Парламентот да гласа за сите пет нови членови на судскиот совет, наместо за секој поединечно. На ваквиот заклучок од вчера, денеска реакција и од Кабинетот на претседателот на државата Бранко Црвенковски, кој предлага двајца, а парламентарната комисија за избори и именувања, тројца членови. Прво партиите треба да ги усогласат предлозите за кандидати за судскиот совет, велат оттаму. И додаваат дека се уште е рано да се каже дали претсдеателот ќе предложи нови или ќе остане на претходните имиња.

XS
SM
MD
LG