Линкови за пристапност

Кристофер Хил во Северна Кореја


Американскиот преговарач Кристофер Хил е во неочекувана посета на Северна Кореја, два дена пред планираното продолжување на шестстраните разговори во Пекинг за нуклеарната програма на официјален Пјонгјанг, на кои покрај САД и Северна Кореја, учествуваат и Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Русија. Се очекува Хил да се сретне со севернокорејскиот заменик министер за надворешни работи Ким Кје Кван.

Пред да замине од Токио за Пјонгјанг, Хил кажа дека е важно да се надомести загубеното време за решавање на прашањето, до што дојде поради тешкотиите во трансферот на 25 милиони долари севернокорејски средства замрзнати во банка во Макао. Сега патот за преговори со Пјонгјанг е отворен.

XS
SM
MD
LG