Линкови за пристапност

Бегалците наоѓаат на затворени врати


Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека растечки број земји ширум светот заземаат покрут став кон бегалците и одбиваат да им дадат азил. Ова главно се случува во индустриски развиените земји, но станува и проблем во земјите во развој.

Портпаролот на УНЦХР Вилијам Спиндлер вели дека нетолерантноста, ксенофобијата и расизмот се во пораст; многу влади одбиваат азиланти, кои стнале бегалци стравувајќи за сопствениот живот, или пак економски мигранти, кои заминуваат во потрага по подобар живот:

- Важно е да се запомни дека поголемото мнозинство бегалци се лица кои се принудени да ги напуштат домовите поради насилство. Главни земји во светот со бегалци се Авганистан, Ирак, Судан, Бурунди, Сомалија и Демократската Република Конго. Ова се земји кои неодамна минале низ конфликти или се наоѓаат во конфликт. Впечатокот дека бегалците се луѓе кои се обидуваат да ја искористат нашата великодушност е целосно погрешен. Повеќето луѓе ги напуштаат домовите во очајни ситуации кога животот им е доведен во ризик.

Спиндлер додава дека земјите од Северна Америка и Европа се под лажна импресија дека прибираат голем број бегалци. Тој тврди дека мнозинството бегалци се наоѓаат во сиромашните земји.

Нов извештај покажува дека бројката бегалци е зголемена за 14 проценти споредено со минатата година и изнесува речиси 10 милиони жители. Исто така се додава дека 24,5 милиони луѓе како последица на конфликти се внатрешно раселени во нивните земји.

И покрај загрижувачката слика, Спиндлер смета дека постои надеж. Тој додава дека минатата година повеќе од 700.000 бегалци се вратиле во своите домови по години минати во егзил.

Спиндлер подвлекува дека една работа е бегалците да се вратат дома, а друга е да останат во нив по враќањето. Тој смета дека дека е важно меѓународната заедница да поддржи пост-конфликтна реконструкција со цел враќањето на луѓето да биде оддржливо и - долгорочно.

XS
SM
MD
LG