Линкови за пристапност

Средба на балканските изборни комисии во Скопје


Државната изборна комисија се уште не донела одлука за извештајот од Државниот завод за ревизија, кој утврди дека двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го надминале лимитот на трошење пари во изборната кампања за последните парламентарни избори.

Првиот човек на ДИК, Јован Јосифовски, одложувањето не е резултат на политички притисоци, туку за дополнителни експертски консултации:

-Поради тоа што е многу сериозно прашањето и заради содржината на самите известија имаше потреба од поцелосни и потемелни проучувања, за да процениме дали ќе покренеме постапка или нема.

Токму ова беше една од главните теми на денешната средба на балканските изборни комисии во Скопје, чиј домаќин е Државната изборна комисија.

Во Македонија, највисоката парична казна за ваквите престапи е 5.000 евра. Најголемо интересирање предизвикаа искуствата од Босна и Хрцеговина, која псоедува нај ригорозен закон на Балканот. Освен паричните казни, таму може да се изрече и мерка забрана за учество на наредните избори. Но она што неодамна предизвика внимание во јавноста беше изречената казна за пречекорување на финансискиот лимит од 260.000 евра.

Претставниците на меѓународните институции поврзани со изборните процеси како Меѓународната федерација на изборни комисии-ИФЕС и Венецијанската комисија и други странски експерти, сепак сметата дека покрај паричните казни, она што е исто така доста силна мерка е судот на јавноста и вперувањето прст во прекршителите.

-Она што значи градење на самосвест, градење на чувство на одговорност пред граѓаните за укажаната доверба, понекогаш јавно изречената осуда има многу поголема тежина, смета Мирјана Лазарова Трајковска од Венецијанската комисија.

XS
SM
MD
LG