Линкови за пристапност

Сајбер криминал


Сајбер криминалци извлекле околу 2.000 евра од туѓи платежни картички. Четворицата македонски граѓани со помош на Бугарин монтирале специјална направа-скимер за симнување податоци од картички на банкомат на Комерцијална банка во Градскиот трговски центар, кои подоцна ги искористиле за извлекување на парите со фалсификувани бланко – картички.

- Уредот останал во банкоматот подолго време, околу 20-тина часа, така што за тоа време тие успеале да прочитаат податоци од околу 300 картички коишто им припаѓале на клиенти на Комерцијална банка, вели портапролот на МВР Иво Котевски

Но при операцијата која се случила во мај годинава четирите момчиња на возраст од 20 до 24 години заборавиле дека монтирањето на уредот било снимено на безбедносната камера.

При претрес на возилата на осомничените полицијата пронашла 8 фалсификувани картички со податоци од виза. Во домот на првообвинетиот кој се наоѓа во 15-дневен притвор, бил пронајден компјутерот преку кој се пренесувале податците на картичките, кои измамниците ги продавале по 500 евра. Но во последен момент, била активирана компјутерската програма за уништување на податоци. Вториот обвинет за сајбер криминалот е во бегство, со веќе одредена мерка притвор од 15 дена.

Ова не е прв случај на ваков криминал во Македонија. Лани против осум лица се покренати кривични пријави за компјутерска измама и користење на фалсификувани картички, со штета од над 42.000 евра.

XS
SM
MD
LG