Линкови за пристапност

Палестинската ситуација  -  без преседан 


Новиот кабинет на Фатах даде заклетва пред претседателот Абаз.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ова го дочека со коментар дека Хамас се обидел да го подели палестинскиот народ: "Тоа беше изборот на Хамас. Сега одговорните Палестинци го прават својот избор, а должност на меѓународната заедница е да ги поддржи во обидот да изградат подобар живот и мирољубива иднина. "

Аналитичарите велат дека поделбата меѓу Западниот брег и Газа ја загрозува палестинската цел за формирање независна држава на две територии лоцирани на спротивни страни од Израел. Претседателот Абаз сака мир со Израел, додека Хамас сака да ја уништи еврејската држава. САД, Израел и ЕУ Хамас ја сметаат за терористичка организација.

Есперти од Меѓународната кризна група се на мислење дека Палестинците влегуваат во исклучителен период на неизвесност. И додека западните нации ја обновуваат помошта за палестинската Управа на Западниот брег, се стравува дека е можно создавање на нова хуманитарна криза во Газа, со околу 1,4 милиони население. Некои аналитичари изразија загриженост и од друг агол – тоталниот бојкот на Хамас може да ја претвори Газа во плодна почва за меѓународен тероризам.

XS
SM
MD
LG