Линкови за пристапност

Лидерска средба за судски реформи


Избор на државниот јавен обвинител со двотретинско мнозиство и повлекување на предлогот за посебен оддел за организиран криминал. Ова се барањата со кои лидерката на опозицијата Радмила Шеќеринска ќе настапи на утрешната лидерска средба што самата ја побара, а премиерот Никола Груевски ја прифати. Образложението е дека Владата им се спротивставува на експертите и затоа предлагаат во интерес на продуктивна дебата, власта и опозицијата да се обидат да се договорат пред таа да се пресели во Парламентот.

Јани Макрадули, коордианторот на пратеничката група на СДСМ смета дека е рано да се каже каков ќе биде ставот на партијата доколку нивните предлози не бидат прифатени. И остава простор на власта да ги признае грешките и да престане со како што вели политиката на инаетење:

-Мислам дека сега е рано да зборуваме за тоа. Реков дека ваквата инает политика никогаш не донела добро, ниту на Владата ниту и донела поени на РМ. ВЛадата мора да сфати дека ова мора да го заврши согласно меѓународните препораки. Сите страни сметаат дека ЈО треба да има една поширока поддршка, а гласањето до две третини во Собранието е најдобар доказ за тоа.

Пред утрешната средба, нема коментар од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Но познат е ставот на министерот за правда Михајло Маневски:

- Каде доаѓаат недоразбирањата? Ние ја редефинираме положбата на јавниот обвинител. Ние сакаме нов јавен обвинител со одговорност, со овластувања, кој на сосема поинаков начин ќе ги врши финкциите. Секако дојдовме до едно сознание дека досегашните резултати ниту беа ефикасни, ниту дадоа одредени резултати.

Вчера лидерката на СДСМ Шеќеринска се сретна со партнерите од последните парламентарни избори, лидерите на Демократската партија на Србите и Демократската партија на Турците, Иван Стоиљковиќ и Кенан Хасипи. Тие биле децидни дека нема да гласаат за судските реформи додека не им биде прифатено барањето за загарантирани пратенички места. И ставот на ДУИ зависи од одговорот на барањата за употребата на јазиците и статусот на борците на ОНА.

XS
SM
MD
LG