Со гојазноста, што е во епидемични размери речиси насекаде во светот, фармацевтските компании се натпреваруваат на пазарот да изнесат лекови за слабеење што може да се добијат без рецепт. Победникот засега е новата пилула во САД позната како Али, но и таа не е - магична.
Професор Кели Браунел, директор на Центарот за исхрана и телесни нарушувања при Универзитетот Јеил, вели дека пазарот на лекови за слабеење е огромен, но дека и Али, како и другите вакви лекови, треба да се комбинира со физичка активност и здрава исхрана. За Али не треба рецепт, и всушност е верзија на Зеникал, што се добива само на рецепт и има посилно дејство.
-Типично, лицата кои земаат лекови за слабеење на почетокот настапуваат со многу ентузијазам. Многумина не губат од тежината колку што сакаат, по што се обесхрабруваат и ја прекинуваат терапијата-вели професорот Кели Браунел
Некои од нуспојавите на лекот се гасови, болки во стомакот и дијареа.
Американската управа за храна и лекови го одобри користењето на Али, но во исто време го отфрли барањето за пуштање во продажба на Римонабант, друг лек со иста намена, заради тоа што кај одредени пациенти се јавиле психолошки проблеми и самоубиствени помисли. Ромонабат во Европа е познат под името Акомплиа.