Линкови за пристапност

Хамас ја зазеде Газа, САД го поддржуваат палестинскиот претседател


Борбите денес навидум стивнаа откако силите на Хамас ги преземаа сите позиции на Фатах во Појасот Газа. Припадници на Хамас се забележани како патролираат пред канцелариите на Абас во градот Газа. Фатах, пак ја има контролата врз Западниот Брег, каде и се наоѓа палестинскиот претседател. Во еднонеделните борби загинаа преку 110 Палестинци.

Членот на Хамас Исмаил Ханиех, кого Абас го распушти од местото премиер, изјави дека ќе ја игнорира одлуката и дека ќе се фокусира на враќање на безбедноста во Газа. Претставници на ОН соопштија дека продолжиле со својата работа веднаш откако прекинале борбите.

Американскиот државен секретар изјави дека палестинскиот претседател има целосна поддршка од САД во време кога се обидува да стави крај на судирите. Кондолиза Рајс кажа дека Абас вчера постапил законски кога ја распушти три месеци старата влада на национално единство и објави вонредна ситуација. Рајс разговарала со него по телефон кусо време откако ја објави одлуката. Портпаролот на Стејт департмњентот Шин мек Кормак кажа дека Рајс разговарала и со својот египетски колега Ахмед Абул Геит, Египет да ја зајакне контролата на границата со Газа, за да спречи шверц на оружје. Мек Кормак го опиша насилството во Газа како дел од обидот на военото крило на Хамас да ги спречи оние Палестинци кои отфрлаат насилство и се за регионален мир по политички пат. Мек Кормак кажа дека САД се` уште го сметаат целото движење Хамас за терористичка организација.

XS
SM
MD
LG