Линкови за пристапност

Калифорнија – центар на автомобилскиот дизјан во САД


Луѓето од Калифорнија ги сакаат своите автомобили уште од пред повеќе од еден век, кога беше произведен првиот. Денес, оваа сојузна држава е дом на дестици дизјан-центри. Тука беа замислени Мазда Мијата, Хонда Си-Ар-Екс, и Тојота Селика.

Дел од оние кои ќе го замислуваат идниот изглед на автомобилите се обучуваат во Колеџот – Уметнички центар за дизајн во Пасадена. Неговите дипломци работат за десетици дизјан-центри на автомобилските компании.

- Ова е мошне жив пазар и на производи, и на идеи – центар на уметности, архитектура, забава и висока технологија, вели Стјуарт Рид од Уметничкиот центар.

Дипломецот на Центарот, Франц вон Холзхаусен сега е на чело на дизјан-центарот на Мазда за Северна Америка во местото Ирвин, чии реклами добија широка популарност поради мотото - „зум-зум“:

- Зум-зум е навистина лично чувство, за мене тоа е емоција на движење, еден вид детска возбуда од возење и забава.

Технологијата се менува, но без оглед дали автомобилите утре ќе се движат на бензин, хидроген или други водови на гориво, потрошувачите сакаат нивната гордост на четири тркала да е привлечна за око и забавна за возење, вели Лесли Кендал од Автомобилскиот музеј Петерсон:

- Луѓето се заљубени во своите автомобили, ја сакаат подвижноста што тие им ја даваат - и од тоа нема да се откажат.

Каде и да се произведуваат, поголемиот дел од автомобилите ќе бидат дизјанирани во Калифорнија – центарот на автомобилската култура во САД.

XS
SM
MD
LG