Линкови за пристапност

Опаѓа бројот на странски туристи во САД


Туристичките работници во САД се загрижени поради опаѓањето на бројот на странски посетители. Според водечка лоби група во туризмот, по терористичките напади на 11-ти септември 20001-ва, САД загубиле 60 милиони туристи од странство.

Орландо во Флорида е Една од најатрактивните туристички дестинации во Америка е Орландо во Флорида.

Локалните власти велат дека градот годишно привлекува 3,5 милиони посетители од странство. Доѓаат да го видат Дизни Ворлд и другите светски познати атракции.

Даниел Куртни од Туристичкото биро на Орландо за опаѓањето на бројот на странски туристи вели дека трендот е загрижувачки:

-Тоа е важен сегмент за Орландо - пет отсто од вкупниот туризам, но сочинува 17 проценти од нашиот економски учинок. Затоа посетата на САД и претставата за земјата се од големо значење за нас.

Некои дестинации, како Лас Вегас,бележат благ пораст во странски посетители. Но, на национално ниво, бројката е во опаѓање, според истражувањето на Дискавер Америка Партнершип, водечка лоби група во туристичката гранка, велат дека тоа можеби се должи на новите безбедносни процедури при влегување во земјата по терористичките напади од 2001-ва. Владини лица ги отфрлаат таквите тврдења и возвраќаат дека вкупниот број на посетители во 2006-та се вратил на нивото пред нападите. Па сепак, тоа се должи претежно на посети од Канада и Мексико, додека опаднал бројот на посетители од други места.

Туристичките работници полагаат надеж во засилениот маркетинг. На пример, Туристичкото биро на Орландо двојно ги зголеми средствата за рекламирање во Британија, со цел да ги привлече туристите кои сега претпочитаат дестинации во Источна Европа и на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG