Линкови за пристапност

Стравувања за ескалација на секташкото насилство во Ирак


Властите велат дека во експлозијата се урнале две минариња на џамијата. Засега нема извештаи за загинати. Веднаш по нападот, ирачката влада воспостави полициски час на неодредено време во Багдад и Самара.

Премиерот Нури ал-Малики во обраќање на националната телевизија кажа дека им наредил на ирачките сили да ја зголемат безбедноста околу верските места во земјата, како и дека се задржани на распрашување ирачките сили кои требало да ја обезбедуваат џамијата.

Радикалниот шиитски свештеник Моктада ал-Садр повика на тридневна жалост а неговата милиција Махди повика на воздржаност по нападот. Реагирајќи на нападот, пратениците лојални на Ал-Садр се повлекоа од Парламентот.

Полицијата соопшти дека веднаш по нападот биле нападнати четири џамии на сунитите.

Џамијата на шиитите во Самара претходно беше нападната во 2006-та година, и тоа го разгори секташкото насилство во земјата.

XS
SM
MD
LG