Линкови за пристапност

Груевски го информираше Црвенковски за разговорите со Буш


Премиерот Груевски денеска го информираше претседателот Црвенковски за неговите разговри водени во Тирана со американскиот претседател Џорџ Буш.

Ова е извонредна шанса за Република Македонија и треба да се направи се што е потребно за следната година на Самитот на НАТО во Букурешт да добиеме покана за полноправно членство во Алијансата -изјави премиeрот по средбата со шефот на државата.

- Според она што можам да го забележам, постои навистина расположение кај американскиот претседател Буш следната година трите држави од Јадранската група да добијат покана и да станат членки на НАТО- рече премиерот Груевски, потенцирајќи дека Македонија треба да го сработи она што е потребно. Тој изрази уверување дека ќе биде завршено она што е планирано.

Премиеорт и претседателот средбата ја искористија да раговараат и за други актуелни теми каква што е некоплетираниот Судски совет.

- Му сугерирав на Црвенковски да внимава со предлозите за составување на Судскиот совет особено во делот на консултациите со пратеничките групи од опозицијата за однапред да може да се осигура дека ќе ја добие поддршката и укажав на Црвенковски дека тоа е дел од подготовките за членство во НАТО и она што Република Македонија треба да го исполни-изјави премиерот Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот Црвенковски ги прифатил неговите сугестии, Груевски рече:

-Мислам оти се колеба, а тоа може да го доведе во ризик формирањето на Судскиот совет.

Од страна на Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски е најавено соопштение во кое ќе информираат за средбата со премиерот Никола Груевски.

Ова беше прва средба на премирот и претсадетлот по онаа одржана на 16-ти март.

XS
SM
MD
LG