Линкови за пристапност

Буш лобира за имиграциона реформа


На средбата со републикански сенатори во Конгресот Џорџ Буш порачал дека имиграционата реформа е најдобриот начин да се зајакнат американските граници. Тој се обидува да ја врати во живот компромисната мерка за реформа на имиграционите закони за која претходно постигнаа договор група сенатори од обете партии. Меѓутоа, водачот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид минатата недела ја повлече од дневниот ред откако сенаторите ги отфрлија неговите сугестии да се ограничи времето за преговарање и да се закаже гласање по него.

Буш по дешната средба со сенаторите изјави дека, едноставно, не е прифатлива статус-кво ситуација во однос на имиграцијата.

Предлог-мерката предвидува зајакнати погранични мерки против илегалната имиграција, но и можност милионите илегални имигранти кои веќе престојуваат во земјата да дојдат до легален статус доколку се пријават и исполнат одредени критериуми. Таа исто така налага казни за американските компании што вработуваат работници „на црно“, како и воспоставување на програма за привремени работници од странство.

XS
SM
MD
LG