Линкови за пристапност

Заврши самитот на Групата Осум


Планот е објавен денеска за време на финалната сесија на самитот на осуммината лидери во германското одморалиште на Балтичкото море.

На седницата присуствуваа и некои африкански лидери, вклучувајќи го и јужноафриканскиот претседател Тхабо Мбеки.


Групата Осум исто така го обнови и ветувањето од самитот во 2005 да се удвои помошта за развој за континентот.


Германскиот канцелар Ангела Меркел даде збор дека групата ќе ги исполни своите обврски.


По друго прашање, Групата Осум е во пат позиција за иднината на Косово. Русија се противи на резолуцијата на ОН која повикува на независност на Косово од Србија – традиционалниот сојузник на Москва. Францускиот претседател Николас Саркози предлага шестмесечно одлагање на конечното гласање за финалниот статус за да се даде време за повеќе преговори.

Претседателот Буш денес ќе ја има првата средба со новиот француски претседател, на маргините на самитот.

Инаку, претседателот Буш ја пропушти утринската сесија на самитот заради стомачни проблеми. Последните вести се дека веќе се чувствува подобро. Подоцна денеска тој заминува за Италија.

XS
SM
MD
LG