Линкови за пристапност

Постигнат договор за намалување на емисијата на издувни гасови за 50 проценти до 2050-та


Германскиот канцелар Ангела Меркел објави во четврокот дека лидерите на групата осум индустриски најразвиени земји во светот, или Г-8, постигнаа договор за глобалните климатски промени. Лидерите на клубот се согласија дека има потреба од намалување на емисијата за издувни гасови во атмосферата, изјави Меркел:

-Задоволна сум од компромисот. Договорот го сметам за голем чекор напред, како многу добар резултат.

Лидерите на Г-8 понатаму се договорија за намалување на емисијата на издувни гасови за 50 проценти до 2050-та.

Меркел изјави дека лидерите се согласиле да одржат разговори за замена на постоечкиот Протокол од Кјото со рамковен договор во рамки на ОН.

Вашингтон досега одбиваше да постави органичувања во испуштањето во издувни гасови, без претходно да се вклучат Кина и Индија во процесот. Под чадорот на ОН ќе биде обезбедено учество и на двете земји.

Групата за заштита на животната средина „Гринпис“ соопшти дека не е задоволна со консензусот на Г-8 за политиката на климатски промени. Групата инсистира на поставување квоти за намалување на испуштањето на јаглеродниот диоксид во атмосферата.

Во меѓувреме на маргините на самитот, се одржа средба на американскиот и рускиот претседател. Владимир Путин предложи САД и Русија да постават заеднички одбранбен против-ракетен систем во Азербејџан.

-Во тој случај, системот кој ќе биде поставен нема само да покрива дел од Европа, туку цела Европа, без исклучоци.

Планот на САД за одбранбен против-ракетен систем не го штити целиот Стар континент од проектили, кои како што вели Вашингтон, би можеле да дојдат од Иран и Северна Кореја, кои ги окарактериза како „неприципиелни држави“:

Буш за идејата кажа дека е „интересна.“ На новинарите во Германија им рече дека дијалогот со Путин бил отворен и конструктивен:

-Имавме сериозни дискуии околу стратешки прашања...Ова е сериозно прашање и се обидовме да укажеме дека ги разбираме позициите на другиот мошне јасно.

Путин рече дека двајцата лидери се договориле да формираат експертски групи кои понатаму ќе ги истражуваат начините на соработка содржани во рускиот предлог.

Кремљ отворено изрази несогласување за планот на претседателот Буш за инсталирање на одбранбен против-ракетен штит, чија радарска станица би била поставена во Чешка, а проектилите во Полска.

Русија во моментов има привремена радарска станица во Габала во Азербејџан. Претседателот Путин на новинарите им рече дека азербејџанскиот претседател Алијев е ентузијаст за идејата неговата земја да биде место каде ќе се наоѓа заедничкиот американско-руски радарски систем.

Друга голема тема што ќе биде отворена на овој самит е намалување на сиромаштијата и задолженоста на Африка. Тоа е на агенда за денешните дискусии.

XS
SM
MD
LG