Линкови за пристапност

Самит во сенка на тензиите


Претседателот Буш се обидува да ја олабави загриженоста на Русија за одбранбениот против-ракетен план на САД, чија радарска станица би била поставена во Чешка, а проектилите во Полска.

Претседателот Путин изјави дека тоа ќе значи почеток на нова трка во вооружувањето и нема да биде одговорен за одмазнички акти ако уследи спроведување на американскиот план. Путин рече дека Москва ќе одговори со поставување нови цели во Европа кои можат да бидат погодени со балистички проектили или ракети, или како што ги нарече со „комплетно нов систем“

Претседателот Буш вели дека ќе се обиде да ги отстрани грижите на Путин кога ќе се сретнат на Самитот на Г-8 во Германија.

Во разговор со исклучени камери со новинарите од САД кои го покриваат настанот, претседателот Буш рече дека Русија нема да ја нападне Европа. Тој рече дека нема потреба од воен одговор ако Русија постави нови цели на Стариот континент, затоа што Америка не е војна со Русија и таа не претставува закана.

Прашан дали растечката вжештена реторика околу планот за против-ракетна одбрана може да може да внесе тензија на средбата со Путин, Буш рече дека ќе работи да не нема таков однос за време на разговорите.

Претседателот зборува за руските загрижености откако ја почна посетата на Прага. По разговорите со премиерот и претседателот, Буш рече дека Русија нема што да стравува од планот за против-ракетен систем за одбрана:

-Русија не е наш непријател. Непријателите на слободниот свет, кои се и наши непријатели се радикалите или екстремистите или непринципиелни режими кои се обидуваат да го уценуваат слободниот свет со цел да ги промовираат своите идеолошки цели. Мојот став за против-ракетниот систем, а тоа е не само мој став, туку и вистината, е дека тој ќе биде чисто одбранбени мерки, не од Русија, туку од вистинските закани.

Американски официјални лица изјавија дека одбранбениот против-ракетен план е првенствено замислен да ги запре проектилите од Иран.

Ирански официјални безбедносни сили тоа го нарекоа „шега на годината“. Шефот на советот за национална безбедност Али Лариџани за иранската новинска државна агенција изјави дека земјата не поседува проектили со капацитет да стасаат до цели во Европа.

Рускиот претседател се согласи со ваквата оценка и рече дека не верува дека има вистински закани од ирански и севернокорејски проектили, и дека на планот на САД гледа како на напор да се минимизираат рускиот врски со Европа.

XS
SM
MD
LG