Линкови за пристапност

Претседателот Буш замина за Европа


Првото застанување ќе биде во Чешката Република каде со лидерите на земјата ќе разговара за американските планови за поставување ракетен одбранбен систем во Европа.

Според планот на чешка територија треба да биде лоцирана радарска база. Русија силно се противи на предложениот одбранбен систем.


Во среда претседателот ќе им се приклучи на седуммина други светски лидери во одмаралиште на Балтичкото море во Германија за тридневен самит на Групата Осум водечки индустријализирани држави.


Претставници на Белата Куќа велат дека лидерите ќе разговараат за соработката по неколку меѓународни прашања од областа на економијата, безбедноста и политиката. Се очекува предложените мерки за борба против глобалното затоплување да бидат високо на агендата.


Покрај Чешката република и Германија, претседателот Буш ќе ги посети Полска, Италија, Албанија и Бугарија пред да го заврши патувањето следниот понеделник на 11 јуни.


Британија, канада, Франција, Германија, италија, Јапонија, САД и Русија ја сочинуваат Групата Осум.

XS
SM
MD
LG