Линкови за пристапност

40 годишнина од“Клубот на осамените срца на наредникот Пепер “


Студијата на улицата Еби Роуд во Лондон е место каде се роди прославениот албум.

Клубот на осамените срца на наредникот Пепер веднаш стана сензација.

Тоа беше авантура во однос на концептот, звукот, текстовите, студиската технологија, а да не зборуваме и за уметничкото решение за обвивката на албумот.


Објавен на денешен ден 1967, албумот го лансираше „Лето на љубовта“ или 'Summer of Love' што веднаш го освои светот.



Весникот Лондонски Тајмс настанот го опиша како „решавачки момент во историјата на западната цивилизација“.


Но зад сцената, тоа беше резултат на напорни 129 денови или околу 700 часови што Битлси ги минаа во студио.


40 години подоцна и 12 милиони продадени копии, Наредникот Пепер не попушта. Сега го купуваат децата на генерацијата за која албумот првично беше наменет.


Но денес, новата генерација употребува најнова технологија за слушање на 40-години старата музика.

И на овој роденден, наредникот Пепер е на прво место на топ листата Capital Gold радиото во Велика Британија. Дејвид Џенсен од оваа радио мрежа вели дека албумот продолжува да биде популарен заради мистеријата што го опкружува:


-За што беа тие песни? Што беше нивната намера? Мислам дека популарноста се должи и на интригата што ја содржи албумот.

И кога музиката на Битлси за прв пат целосно ќе биде дигитализирана, британските музички трговци се сигурни во добра зделка – тоа ќе го зацементира местото на наредникот Пепер за наредните 40 години.

XS
SM
MD
LG