Линкови за пристапност

Pajc: Демократските држави имаат обврска да реагираат – демократски


Рајс изјави дека на комунистичката нација од Kарибите наскоро ќе се случи, како што кажа, „голема транзиција“ и демократските држави имаат обврска да реагираат – демократски. Таа рече дека не треба да му дозволат на режимот транзицијата да ја сфати како премин од едно диктаторство во друго.

Секретарот Рајс ќе се сретне со шпанскиот премиер од редовите на Социјалистите, Хозе Луис Родригез Запатеро, кој ги повлече трупите од Ирак во 2004-та. Пред средбата со него и министерот за надворешни работи Мигугел Моратинос ќе разговара со шпанскиот крал Хуан Карлос.

Рајс исто така планира да се сретне со опозициониот лидер Мариано Рајон, пред да замине за Лондон на разговори со премиерот Тони Блер.

Целта на посетата на Рајс на Шпанија е подобрување на односите меѓу двете земји, кои имаат недоразбирања по бројни прашања, вклучувајќи ја и одлуката на шпанската влада за повлекување на трупите од Ирак и врските со венецуелскиот претседател Хуго Чавез.

Рајс во Шпанија пристигна од Германија, каде ја критикуваше Русија за уназадување на демократските процеси и противење на инсталирање на ракетен одбранбен систем во Европа.

XS
SM
MD
LG