Линкови за пристапност

Претседателот Буш со нови предлози за борба против глобалните климатски промени.


Претседателот Буш побара од 15 земји најголеми загадувачи да постават глобални цели до 2008 за редуцирање на емисијата на штетни гасови кои придонесуваат за климатските промени:

-За да ги достигнеме тие цели, САД ќе организираат низа средби со земјите кои испуштаат најмногу јаглерод диоксид во атмосферата, вклучувајќи ги земјите со брз економски растеж како Индија и Кина.

Буш вели дека земјите ќе треба да постават нивни среднорочни цели. Тој вели дека тие треба да излезат со сопствен акционен план базиран на нивните сопствени ресурси и енергетски потреби.

Во говорот до групите загрижени за меѓинародниот развој претседателот вели дека сака да работи со другите. Тој ја нагласи американската подготвеност да ги сподели техничките достигнувања:

-Начинот да се справиме со енергетските предизвици и глобалното затоплување е преку технологијата. А САД се лидери во тој поглед. Светот е пред важен чекор во кој ќе станеме подобри раководители на средината во која живееме.

Претседателот зборуваше и околу напредувањето во јаглената технологија, и за развојот на растителните горива како етанолот. Тој вели дека САД се надеваат да склучат договори со повеќе земји годинава за да ги намалат царините за нови енергетски технологии и за сервисирање:

-Ако навистина сме оддадеме за да и помогнеме на средината, земјите треба да ги намалат царините и треба да се ослободат од бариерите кои спречуваат новите технологии да дојдат до нивните земји.

Климатските промени ќе бидат една од доминантните теми на претставници на осумте најразвиени земји кои се среќаваат следниот викенд на нивниот годишен самит. Домаќинот, Германија, ќе предложи сопствена формула за интерпретација на целите, кои беа отфрлени од Бушовата администрација.

Белата куќа официјално одрекува дека последното соопштение на претседателот е подготвено со цел САД да истапат со критицизам кон Г-8.

САД одбија да го потпишат последниот голем меѓународен договор за намалување на емисијата на јагленородниот диоксид, т.н Протокол од Кјото чија важност истекува во 2012.

XS
SM
MD
LG