Линкови за пристапност

Роберт Зелик номиниран за нов претседател на Светска Банка


Висок претставник на администрацијата вчера кажа дека очекува 53-годишниот Зелик да добие потврда од членовите на бордот на Банката.


Во моментов Зелик е директор на Голдман Сач, фирма за осигурување од Њујорк. Тој исто така служел и како американски претставник за трговија.

За време на службата во Стејт Департмент Зелик минал значително време обидувајќи се да донесе мир во регионот Дарфур, во Судан.


Номинацијата на Зелик следи по оставката на сегашниот претседател на Светската Банка, Пол Волфовиц, кој беше вмешан во скандал поврзан со неговата улога во аранжирање промоција и зголемување на платата за вработена во банката – со која е во интимна врска.

XS
SM
MD
LG