Линкови за пристапност

Главна дипломатска активност во САД е лобирање за членство во НАТО


- Нашата главна дипломатска активност во САД е пред се лобирањето за членство во НАТО - изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за Гласот на Америка на македонски.

- Како ја оценувате засилената активност на грчкото лоби и дијаспора во САД?

- „ . Некои чувствителни национални прашања во недостиг од свежи идеи стануваат домашни прашања. Тоа покажува дека спорот со Република Македонија кои тие го имаат околу нашето уставно име е повеќе внатрешно политичко прашање отколку надворешно прашање.

- Кој е следниот чекор на македонската дипломатија во правец на презентирање на ставот за правото на именување на државата со уставното име?

- „Склучување и понатаму на дипломатски односи со земји под уставното име. До пред некоја година имавме со 110, денес 116 држави не признаваат под уставното име. Ќе продолжиме со презентирање на нашата позиција во најдобро можно светло во главните моќни светски центри – Вашингтон и во Брисел.

- Има ли интензивна комуникација со претставниците на македонската дијаспора во Америка поради најновите резолуции во Конгресот, каде до уставното име е додаден акронимот ФИРОМ?

- „Има. Нашиот амбасадор во Вашингтон е задоволен од ангажманот на македонските организации во САД – оние формирани пред неколку децении, но и оние кои се организирани од пред некое време но имаат голем ентузијазам. Да бидам искрен, Република Македонија смета на нив зашто во нив има доволен капацитет да и се помогне на државата во клучни моменти. Подобрата организација ќе значи поголема ефикасност на нашата дипломатија затоа што станува збор за луѓе кои се етаблирани во американското општество и кои имаат лични и професионални односи со Сенатот и со Конгресот.

- Република Македонија од неодамна има нов амбасадор во Вашингтон. Дали има засилена дипломатска активност за објаснувување на македонската позиција околу уставното име, не само меѓу конгресмените, туку и меѓу сенаторите во Капитол Хил?

- Нашата главна дипломатска активност во САД е пред се лобирањето за членство во НАТО. Тоа е од наш суштински интерес и прв очекуван голем успех. Следната година имаме сериозна шанса да бидеме поканети за членство во НАТО. Посветуваме внимание и во Сенатот и во Конгресот, а особено амбасадорот Јолевски и лоби-куќата која ја ангажиравме се концентирани на посебни групи на сенатори и конгресмени.

- Беше најавено дека Квин Гилеспи асоцијацијата ќе биде лобистот на Македонија за нејзината дипломатска активност во САД? До каде се работите?

„Распишавме меѓународен тендер и имаше неколку конкуренти. Фирмата која ја споменавте ги исполнуваше нашите услови и во однос на финансиската рамка и во однос на содржината за засилено лобирање. Квин Гилеспи се нашите лобисти во Вашингтон и засега сме задоволни од нивната работа. Имаме заедничка поставена цел - во следните неколку месеци да успееме да формираме една група во Конгресот за македонско-американско пријателство.

- За да добие покана за членство во НАТО, за Македонија најважен услов е политичкиот дијалог? Точна ли е ваквата секојдневна изјава од западните дипломати?

- „Мислам дека најважен услов за добивање покана за членство во Алијансата се домашните реформи и зајакнувањето на институционалната функционалност во Република Македонија. Политичкиот дијалог, според мене е еден апстрактен поим, во кои сепак вложивме напори и очекуваме во скоро време да даде успешен резултат. Македонија ќе демонстрира дека сите сме зад нашата национална цел – членство во НАТО. Сметам дека нема и не постои политички субјект или поединци во Македонија, кои имаат капацитет - националниот приоритет да го држат во заложништво. Македонија ќе успее во тоа и со еден помалку или со еден повеќе.

XS
SM
MD
LG