Линкови за пристапност

Буш: Каузата за заштита на слободата нема никогаш да згасне.


Америка уште еднаш се присети на оние кои го дале животот служејќи на својата земја. Американската пожртвуваност е највидлива на Националните гробишта во Арлингтон, каде се погребани паднати борци дури од седум генерации. На говорот претседателот Буш рече:

-Денеска, им оддаваме почит на воините кои се бореле против непријателите на нашата земја, ја бранеле каузата на слободата и го дале својот живот за неа.

Во Арлингтон се погребани најголемите воени херои на Америка, но и стотици илјади мажи и жени со имиња познати само на нивните најблиски. Меѓу нив се и неколку стотици војници кои загинале од нападите врз САД во 2001, но и во места како Кабул и Кандахар, Багдад и Рамади. Претседателот Буш подвлече дека:

-Како и оние пред нив, и овие војници не ја сакаа војната, но се одзваа на повикот да бидат испратени. Тие веруваа во нешто поголемо од самите себеси. Тие се бореа за својата земја, а нашата земја е обединета во тагувањето и сеќавањето за нив.

Претседателот истакна дека нивното жртвување не смее да биде залудно и дека каузата за заштита на слободата нема никогаш да згасне:

-Од пожртвуваност мора да дојде време кога злобните соништа на тираните и терористите ќе завршат безуспешно, кога нашата земја ќе е побезбедна, а со тоа ќе е обезбедена и слободата.

Претходно, претседателот Буш положи венец цвеќе на Споменикот на незнајните јунаци. Тој беше придружуван од неколку семејства на загинати војници.

XS
SM
MD
LG