Линкови за пристапност

Донесен законот за финансирање на воените операции


Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија предлог-законот тежок 120 милијарди долари за трошоци врзани со воените операции до септември, но не вклучува рок за повлекување на американските трупи од Ирак. Претседателот Буш стави вето на на претходниот документ кој содржеше рок за повлекување.

Новиот документ сепак вклучува закана за прекин на американската економска помош доколку ирачката влада не успее да оствари некои од поставените цели за политичка и безбедноска реформа.


Национално истражување на јавно мислење изведено врз повеќе од илјада возрасни лица од страна на весникот Њујорк Тајмс и СиБиЕс телевизијата покажува дека околу три четвртини од анкетираните мислат дека војната во Ирак не оди добро. Но истражувањето исто така покажа дека мнозинството анкетирани го поддржуваат натамошното финансирање на војната се додека ирачките лидери ги исполнуваат своите специфични ветувања.

XS
SM
MD
LG