Линкови за пристапност

Буш: Треба да се засили нашиот режим на санкции кон Иран


Можни се нови сакнции спрема Иран. Ова предупредување од американскиот претседател Буш уследи по изјавата на иранскиот претседател дека Иран нема да престане со збогатувањето на ураниумот како што бара меѓународната заедница.


-Светот го кажа својот збор – да нема програми за нуклеарно оружје. Но тие и натаму ги игнорираат тие барања. Според мене, треба да се засили нашиот режим на санкции."


Тензиите меѓу Иран и САД ескалираат. Неодамнешното апсење од страна на Иран на иранско-американски академски работник и неколку други американски државјани, е дополнителна причина за загриженост на претседателот Буш:



-Неприфатливо е што Иран приведува невини Американци. И ние многу јасно и кажавме на иранската влада дека апсење на добри, чесни американски души, кои се таму да направат добро, не е прифатливо однесување.


Во меѓувреме, американски воени бродови полни со илјадници морнарии маринци се упатија кон Персискиот залив. Американските официјални лица признаваат дека тоа може да се толкува како покажување на сила.

XS
SM
MD
LG