Линкови за пристапност

Буш: За трупите во Ирак претстои критичен период


Претседателот ги предупреди американците Американците на нови жртви кога целокупниот војнички состав ќе влезе во борбените редови:


-Додека трупите ја изведуваат својата мисија, непријателите на слободен Ирак, вклучувајќи ја Ал Каида и илегалната паравојска, ќе продолжат да бомбардираат и да убиваат во обид да ги попречат нашите намери. Наредните недели и месеци очекуваме жестоки битки и можеме да очекуваме дополнителни жртви на американска и ирачка страна.

Претседателот Буш се обидува да добие јавна поддршка за војната за која повеќето Американци сметаат дека е грешка. Според најновата анкета на Асошиетед прес, речиси две третини од Американците не се согласуваат со начинот на кој Буш се справува со ситуацијата во Ирак.

Џорџ Буш на вчерашната прес конференција рече дека ја разбира фрустрацијата но е убеден дека поразувањето на терористите е клучно за американската национална безбедност.

Претседателот вели дека победата ќе дојде кога Ирак ќе биде доволно стабилен да биде сојузник во војната против теророт, кога ќе може сам да се управува, и сам да се брани.

Порано месецов, Буш кажа дека напливот на трупите почнува да покажува знаци на напредок со намалување на секташкото насилство во главниот град.

Запрашан за податоците на известувачите кои покажуваат зголемување на убиствата, претседателот кажа дека имало момент на зголемено насилство што ќе биде вклучено во приказот во септември за развојот по напливот на трупите од генералот Дејвид Петреус.

Демократите во Конгресот велат дека сакаат да видат значителен напредок во тој извештај или во спротивно ќе го земат предвид намалувањето на средствата за војната.

Демократите ги напуштија своите барања за рок за повлекување на трупите во ревидираниот документ, што се очекува да мине во двата дома на Конгресот.

Мерката предвидува 120 милијарди долари за финансирање на воените операции до септември и вклучува милијарди долари за домашни проекти како и за зголемување на минималната плата.

Вклучен е и пакет политички и безбедносни барања за ирачката влада, кои доколку не бидат исполнети ќе значи губење на помошта за реконструкција. Но овие не се обврзувачки до таа мерка како што беа во претходниот документ на кој претседателот стави вето порано месецов.



XS
SM
MD
LG