Линкови за пристапност

Амнести интернешенал: Време на страв и  опасна поделеност


Време на страв – вака Амнести интернешенал ја опиша изминатата година. Генералниот секретар на организацијата Ирене Кан зборуваше дека ерозијата на човекови права резултира со зголемено поделен и опасен свет:

-Во 2006-та, кусогледите, застрашувачки политики ги засенуваат владеењето на правото и човековите права, го хранат расизмот и ксенофобијата, ја разгоруваат дискриминацијата, ги интензивираат конфликтите и со шират семето на насилство.

Зборувајќи во Лондон, каде е седиштето на организацијата, Кан подвлече некои точки во извештајот, кој документира за ситуацијата со почитувањето на човековите права во 153 земји од јануари до декември во 2006-та.

Во делот за Македонија се вели дека Меѓународниот суд за злосторства извршени на подрачјето на поранешна Југославија не ги врати случаите под јурисдикција на правосудниот систем на Македонија. Понатаму се вели дека парламентарните избори во 2006-та кои резултираа со промена на власта беа обележани со насилство меѓу етничките Албанци.

Истрагата продолжува надвор од Македонија за обвинувањата дека властите незаконски привеле и извршиле трансфер на германски државјанин во американски притвор, се констатира во годишниот извештај на Амнести, и се додава дека

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја испрашува Македонија околу инволвираноста на безбедносни и разузнавачки лица во незаконското апсење и приведување на Калед Ел Масри, германски државјанин од либанско потекло. Привремениот комитет на европскиот Парламент изврши истрага во април, вклучувајќи и средби со владини официјални лица. Во јуни, се додава во извештајот, е поднесен извештај за непостојаноста на изјавите од страна на македонските власти.

Групата за почитување на човековите права со седиште во Лондон ги издвојува САД и нивните сојузници како придонесувачи на злоупотребите на човековите права преку нивните напори за борба против тероризмот и во тековната војна во Ирак. Амнести вели дека ваквите чекори креирале длабока поделеност што негативно влијае на меѓународните односи.

-Ирачките безбедносни сили повеќе потпалуваат отколку што спречуваат секташко насилство. Ирачкиот правен систем е несоодветен и и ги практикува најлошите пракси од режимот на Садам Хусеин – тортура, нефер судења, големи казни, неказнети силувања, се дел од секојдневието вели Ирене Кан

Таа го издвојува и Судан заради непочитувањето на човековите права во Дарфур, а Советот за безбедност на ОН се нарекува нефункционален во справувањето со ситуацијата во Дарфур:

-Дарфур е крава рана на свеста на светот.

Американската влада честопати зборува за потребата од заштита на цивилите во Дарфур и ние тоа го поддржуваме. Тука јасно е изразен недостатокот од моралниот авторитет на САД, како и неуспехот да се убеди суданската влада да ги прифати мировниците од ОН.

Меѓу главните земји кои не ги почитуваат човековите права на своите граѓани, според Амнести, предничат - Русија, Зимбабве, Колумбија, Авганистан и Кина.

XS
SM
MD
LG