Според предлогот, околу 12 милиони илегални имигранти во САД би добиле можност да стекнат статус на легалени државјани. Планот вклучува и воведување на програма за привремени работници, зголемување на пограничната безбедност и казнување на работодавачите кои свесно вработуваат илегални имигранти.
Некои критичари велат дека предлогот не е доволно остар спрема овие имигранти бидејќи со она што нуди, тие всушност би биле амнестирани.
Од друга страна на планот се противат и одредени латино-американски групи, бидејќи повлекува ограничувања за престој на родители чии деца се американски државјани. Овие групи ја критикуваат и програмата за привремени работници зашто од нив ќе се бара по две години работа во САД да мораат една година да се вратат во нивните родни земји.