Линкови за пристапност

Генералниот секретар на НАТО: Сеуште има поддршка за мисијата во Авганистан 


Средбата се одржа на ранчот на претседателот во Крафорд, Тексас.

Господинот Буш изврши притисок сите држави инволвирани во Авганистан да го споделат борбениот ризик.

Шефот на НАТО кажа дека авганистанскиот народ сеуште силно ја поддржува воената мисија во Авганистан и дека знае оти не може да има иднина под талебанскиот режим.


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и секретарот за одбрана Роберт Гејтс му се придружија на господинот Буш и генералниот секретар на НАТО доцна синоќа на ранчот на претседателот.


Дискусиите се фокусираат на растечкиот број цивилни жртви во Авганистан и зголемениот број напади од талебанските милитанти.

Се поголемиот број на загинати цивили се закануваат да ја еродираат поддршката за американските и НАТО трупите во Авганистан и за владата на претседателот Хамид Карзаи. Ова прашање предизвика вознемиреност меѓу 26-те држави- членки на НАТО.

Силите на НАТО и на САД велат дека Талебан често употребува цивили како жив штит, предизвикувајќи многу цивилни жртви. Воздушните напади на НАТО исто така се сметаат за причина за големиот број загинати надвор од борбени операции.


Де Хоп Шефер вели дека трупите прават се што можат да се избегнат цивилни жртви.

Најмалку 1500 лица во Авганистан се проценува дека се убиени во насилство поврзано со бунтовништвото оваа година.

Талебански самоубиствен бомбаш убил 10 лица и ранил околу 35 други во неделата, на пазар полн со луѓе во источната провинција Пактиа. Напаѓачот го детонирал експлозивот додека минувал конвој на НАТО.

Околу 37-илјади трупи ги чинат Меѓународните НАТО-сили за асистенција во Авганистан.

XS
SM
MD
LG