Линкови за пристапност

Сенатот подготвува реформа на имиграционите закони


Мерката предвидува програма за привремени работници, посебен план за намените работници во земјоделството, и современа технологија за да се утврди дали работниците се во САД легално.

Таа е најдобриот начин да се осигураат границите на САД, смета сенаторот-демократ Тед Кенеди.

-Има широка согласност – да се удвои бројот на граничари, да се зголеми бројот на инспектори, и да се преземат мерки против шверцерите и вработувачите на илегални имигранти - широк консензус дека на 12-те милиони недокументирани работници во САД треба да им се даде шанса да заслужат легален статус.

Мерката ја поздрави и претседателот Буш.

-Ќе помогне да се обезбедат границите, и, што е подеднакво важно, да се постапува со респект кон луѓето. Мерка со која тие ќе бидат третирани без амнестија, но и без непријателство.

Со неа илегалните имигранти имаат можност да се пријават за виза, и, откако ќе платат давачки и казна, да влезат во процедура за постојан легален статус.

Републиканскиот сенатор Арлин Спектер нагласува дека програмата за привремени работници ќе биде воспоставена само откако најпрвин ќе се зајакнат мерките на границите и против вработувањето на илегални имигранти.

-Не е амнестија. Ќе го врати владеењето на законот. Без реформата ќе имаме анархија.

Цел на реформата на имиграционите закони е тие да се префокусираат на регулирањето на статусот на лица со конкретни вештини и стручност. Сенатот ќе расправа по неа наредната недела, а Претставничкиот дом нешто подоцна годинава.

XS
SM
MD
LG